Цените на нафтата паднаа повеќе од осум проценти
Цените на нафтата на светските пазари минатата недела паднаа за повеќе од осум отсто, што е најниско ниво од декември и е последица од порастот на производството во САД, јакнењето на доларот и остриот пад на индексите на светските берзи.
На Лондонската берза цената на барел нафта минатата недела падна за 8,5 отсто, на 62,80 долари, што е најниско ниво од 13 декември. На Њујоршката берза, пак, еден барел нафта поевтини за 9,5 отсто, на 59,20 долари, што е најниско ниво од 22 декември.
Затоа сега цените на „црното злато“ се во минус околу 11 отсто во однос на своите најголеми нивоа во оваа година, достигнати кон крајот на јануари.
- Зад волку остар пад на пазарот никогаш не може да стои само една причина. Се работи за повеќе од нив, изјави Џим Ритербуш, претседател во компанијата „Ритербуш и соработници“.
Цените на нафтата се под притисок поради остриот пад на вредноста на акциите на светските берзи, предизвикан од стравувањето на инвеститорите од порастот на инфлацијата и каматните стапки.
Затоа на Волстрит цените на акциите минатата недела паднаа повеќе од пет проценти, што ги потресе и другите најголеми светски берзи. Поради тоа спласна и склоноста на инвеститорите кон ризик, што негативно се одрази и на пазарот на суровини.
Ново на Сител
-
Пазарните инспектори на терен, Владата најавува можност за ограничување на маржите
-
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
-
Бајден побара од Пентагон да продолжи со своите активни испораки на оружје за Украина
-
Најмалку 10 лица загинаа во израелски напади во Појасот Газа
-
Јапонската национална авиокомпанија е погодена од кибер напад
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патот Тетово – Попова Шапка
-
Облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег
-
Кумановец чувал елени во штала без одобрение и дозвола - Следува кривична пријава