Цената на нафтата се намали под 125 долари

Цените на нафтата денеска паднаа под 125 долари, под влијание на оценката на трговците дека шокот во снабдувањето може и да не се влоши по американското ембарго на руската нафта и најавата на ИЕА за нов циклус на продажба на нафта од стратешките резерви.
– Можеби сегашниот бран на продажба беше поттикнат од сознанието дека по американската забрана за увоз на руска нафта, сегашниот шок во снабдувањето можеби и нема да биде полош отколку што беше досега, шпекулира Тамаш Варга од PVM.
Според американската влада, САД во 2021 година во просек увезувале повеќе од 20,4 милиони барели сурова нафта и деривати месечно од Русија, што одговара на околу осум отсто од увозот на гориво во САД.
– Теоретски, САД би можеле дури и да ги компензираат резервите на руска нафта со сопствено производство, напиша Карстен Фрич од Комерцбанк во извештај.
Велика Британија, исто така, вчера објави дека постепено ќе престане да увезува нафта од Русија. ЏејПи Морган проценува дека околу 70 отсто од руската нафта транспортирана по морски пат во моментов не наоѓа купувач.
На почетокот на оваа недела, руската инвазија врз Украина накусо ја зголеми цената на нафтата во Лондон на 139 долари.
Трговците шпекулираат дека влијание врз цените денеска имаат и медиумските извештаи дека Украина повеќе не бара членство во НАТО.
– Тоа веројатно исто така играше улога, рече Варга од PVM.
Пазарот се надева и на враќање на иранските барели. Техеран со месеци преговара со западните сили за оживување на нуклеарниот договор од 2015 година. Главниот ирански преговарач денеска се врати во Виена за да ги продолжи разговорите.
Некои назнаки упатуваат на заклучокот дека на пазарот сè уште има доволно нафта. Така, залихите во САД се зголемија за 2,8 милиони барели минатата недела, според пазарни извори кои се повикуваат на податоци од индустриската групација на Американскиот институт за нафта, објавени во вторник.
Официјалните податоци на американската влада ќе бидат објавени во текот на денот.
Организацијата на земји-извознички на нафта (ОПЕК) утрово објави дека барел нафтена кошничка на нејзините членови вчера чинела 127,93 долари, што значи дека поскапела за 1,42 долари од претходниот ден на тргување.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
-

Димитриевски: Жртвата на загинатите припадници на безбедносните сили е симбол на храброст и посветеност
-

Израел соопшти дека биле извршени 85 напади врз цели на Хезболах во Либан за еден ден
-

Претреси во Гостивар, пронајдени дрога и оружје
