Целосно изгаснат пожарот кај Зрновци на планината Плачковица

Екипите на кочанската територијална противпожарна единица и Шумското стопанство „Осогово“ кои учествуваа во гаснењето на пожарот кај селото Видовиште во општина Зрновци, попладнево се повлечени, откако пожарот целосно е изгаснат и во најдлабоките делови на планината.
- Борбата со огнената стихија траеше во текот на вчерашниот ден, а по локализирањето на пожарот од изутринава со појава на ветерот се појавија нови жаришта. Сепак со пожртвувана акција на кочанските пожарникари, месното население, на вработените од Шумското стопанство „Осогово“ и од Комуналното претпријатие „Водна кула“ од Зрновци, пожарот целосно е изгаснат, изјави Благој Николов раководител на Центарот за управување со кризи на Кочани.
Според градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков, ова е пожар од пошироки размери кој не се памети досега на територијата на општината, посебно на терените на планината Плачковица.
Огнената стихија, како што рече, уништи околу 300 хектари нискостеблеста шума, но има изгорено и букова и дабова шума.
Пожарот, според очевидци, избувнал вчера наутро на овоштарник во месноста Трнавица, над каналот за наводнување, близу селото Видовиште и се проширил кон планинските преедели на Плачковица меѓу селата Видовиште и Теранци.
Ново на Сител
-

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО
-

Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-

Гаши-Варнс: Поддршка за реформите и стратешкото партнерство со САД
-

Рубио: Во наредните часови очекувам Иран да презентира сериозен предлог
-

Делегација на Собранието учествува на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот
-

МОН: Демографските промени бараат оптимизација на училишната мрежа и мобилност на наставниот кадар за поквалитетно образование
-

Божиновска: Ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за горивата
-

Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
