Царовска: Матурата е обврзна и ќе се спроведе во законскиот рок
Државната матура е обврзна и ќе се спроведе во законскиот рок ако ситуацијата со епидемијата остане како што е сега. Образовниот систем сега е безбеден, тоа го покажуваат и бројките кои постојано и транспарентно ги објавуваме и според кои нема трансмисија на вирусот во училиштата, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.
Во изјава за медиумите по посетата на ПОУ „Д-р Златан Сремец“, таа соопшти дека до вчера во наставата со физичко присустви има околу 70 ученици со вирус, или помалку од 0,06 проценти, и 160 наставници т.е. помалку од 1 процент и затоа, нагласи таа, со оваа динамика образозвниот процес треба да продолжи и да тече. Сигурна е, рече, дека според сите здравствени протоколи и заедно со учениците и наставниците, матурата ќе биде успешна.
-Матурата е обврзна зашто на тој начин имаат стартна позиција да се запишат на факултет. Таа е одредено ниво на знаење и верификација на тоа знаење. Компромис со квалитетот не смее да се прави во држави кои се стремат кон европски критериуми и кои внимаваат дека нивните генерации, кои потоа треба да ја раководат државата, мора да имаат капацитет и потенцијал, рече Царовска, потсетувајќи дека матурантите треба да се пријават за државна матура до законскиот рок, 31 декемвери, и дека веќе се пријавуваат проектните задачи.
За сексуалното образивание од идната учебна година како пилот-проект во деветто одделение во четири основни учиишта (три во Скопје и едно во Тетово, од кои две во урбани и две во рурални средини), и за кое вчера почна обуката на наствници, Царовска посочи дека не се работи за посебен предмет со посебни наставници, туку за нови тематски содржини што ќе бидат внесени во предмети од природните и општествените науки.
Притоа нагласи дека не е доволно само да се повлекуваат учебници кои содржат текстови што промовираат дискриминација, насилство и нетолеранција, туку да се дејствува и проактивно со воведување содржини за еднаквост, толеранција и мултикултурализам.
Ново на Сител
-

Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас
-

МЗ: На Хематологија нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту застој во обезбедувањето неопходен медицински третман
-

Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство
-

Д-р Стојановски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
-

Обвинителството презентира видеа за настапите на ДНК и моментот на избувнување на пожарот во „Пулс“
-

Се почесто граѓани добиваат измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
