Царинската управа со демант на соопштение од политичката партија ВМРО - ДПМНЕ

Царинска управа ги демантира наводите во партиското соопштение од политичката партија ВМРО ДПМНЕ.
При заедничка контрола од страна на Царинската управа и Министерство за внатрешни работи, извршена на товарно моторно возило – комбе, а поради сомневање на МВР дека во комбето се превезува дрога, екипи на СВР Скопје, заедно со мобилен тим на Царинската управа и царинско куче, утврдија дека во возилото нема наркотични средства.
При дополнителна контрола од царинските инспектори констатирани се неправилности во однос на пријавената стока по увозната декларација и фактичката состојба на стоката во возилото. Поради констатираните неправилности возилото е пломбирано и стоката е привремено задржана од страна на Царинската управа.
По спроведената контрола, Царинската управа во соработка со надлежен јавен обвинител, ќе поднесе соодветна кривична пријава. Дополнително, Секторот за професионална одговорност при Царинската управа започна постапка со цел да се утврди евентуална одговорност или одредени пропусти на царинските службеници кои ја царинеле стоката.
Апелираме, политичките партии да се воздржат од ширење на непроверени податоци и информации, што можат да наштетат на истрагата. Кога зборуваме за НУЛА толеранција против криминалот и корупцијата, не зборуваме само за декларативни заложби, туку зборуваме за конкретни и веќе преземени чекори кои даваат видливи резултати. Само минатата година, имаме 30% зголемен број на заплени и 60% зголемен број на поднесени кривични пријави.
Царинска управа
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
