Цакај: Формирана трипартитна иницијатива Албанија-Хрватска-Косово
Овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, на фејсбук објави дека заедно со министерот за надворешни работи на Република Косово, Глаук Коњуфца и хрватскиот министер за надворешни работи, Горан Грлиќ-Радман, договориле „формирање трипартитна иницијатива меѓу Албанија, Хрватска и Република Косово“.
„Целта на оваа иницијатива е да се одржуваат редовни состаноци на ниво на министри за надворешни работи, да се создадат заеднички политички платформи и да се реализираат конкретни проекти од заеднички интерес“,напиша Цакај.
Додава дека првиот состанок ќе се одржи во Албанија во текот на оваа година, а потоа другите состаноци ќе се одржуваат на годишно ниво во земјите-учеснички, по редослед.
„Оваа иницијатива ќе придонесе за продлабочување на односите меѓу нашите земји и развојот на секоја посебно“,наведува Цакај на крајот на неговата објава на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите
-
Средба Гаши - Лудва: За Чешка од посебно значење е интегрирањето на земјите од Западен Балкан
-
Кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ против полициски служеник во Струмица
-
Жената врз која падна дрво во Скопје не е во животозагрозувачка состојба