Свет
15. October 2015 - 16:24

Бундестагот усвои нови мерки за решавање на бегалската криза

Пратениците во германскиот Бундестаг денеска изгласаа низа мерки за решавање на бегалската криза, меѓу кои и забрзување на процесот за азил и депортација на бегалците, како и проширување на листата на територии кои се означени како безбедни во Косово, Црна Гора и Албанија. 

Пакетот опфаќа проширување на листата на територии кои се означени како безбедни, што значи дека нивните жители практично немаат шанса да добијат азил. Во оваа категорија се наоѓаат Србија, Македонија и Босна и Херцеговина.

Целта е забрзување на процедурите за добивање азил и екстрадиција на мигрантите од Југоисточна Европа, со цел вниманието да се насочи кон бегалците од земјите зафатени од војна како Сирија, Ирак и Авганистан.

Со новите мерки исто така се поттикнува изградба на сместувачки центри за бегалци и намалување на социајлната помош за економските мигранти.