Бугарија го повика својот амбасадор во Москва на консултации за случајот Скрипал

Бугарија соопшти дека денеска го повикала својот амбасадор во Русија на консултации во Софија во врска со нападот врз агентот Сергеј Скрипал со нервен агенс во Британија, за што Лондон ја обвини Москва.
Борисов и бугарскиот амбасадор во Москва, Бојко Коцев, разговарале за нападот на поранешниот двоен шпион Скрипал и неговата ќерка, како и за реакциите во Русија, ЕУ и меѓународната заедница, соопшти владината служба за односи со медиуми.
Ова соопштение означува заострување на ставот на Софија, четири дена откако бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека не планира да го отповика својот дипломатски претставник во Москва.
Борисов во петокот наведе дека и покрај „големата веројатност“ оти Москва стои зад нападот, потребни му се повеќе цврсти докази, изразувајќи загриженост дека отповикувањето на амбасадори од ЕУ, дополнително ќе им нашети на односите со Русија.
Лондон ја обвинува Москва дека во нападот извршен на 4 март во англискиот град Салзбери, го употребила нервниот агенс „новичок“ од советски период, додека Русија го негира тоа.
Ново на Сител
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
