Македонија
16. April 2020 - 17:51

Бугарија донираше 100 заштитни одела и маски на Министерството за одбрана

Во знак на солидарност во борбата против ширењето на пандемијата на Ковид-19, Министерството за одбрана на Република Бугарија донираше 100 заштитни одела и маски за повеќекратна употреба на Министерството за одбрана на Република Македонија.

– Заштитната облека може да се користи до 50 пати, што значи до 5 000 работни дена за медицинските лица во првите борбени линии. Донацијата беше врачена на високи претставници од Министерството за одбрана на РМ денеска напладне на граничниот премин Деве Баир од началникот на кабинетот на бугарскиот министер за одбрана Илија Налбантов, информираат од амбасадата на Бугарија.

Донацијата, како што стои во соопштението, е почеток на претстојните донации од Република Бугарија кон Република Македонија како знак на блискоста на двете држави и на европската и евроатлантска солидарност.