Буџетот на Пробиштип годинава изнесува близу два милиони евра
Буџетот на Општина Пробиштип за 2019 година изнесува близу два милиони евра или околу 118 милиони денари.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов за МИА вели дека буџетот е покус за еден милион евра во споредба со минатата година, бидејќи како општина ги следеле насоките кои им ги дала Владата, согласно Законот за финансиска дисциплина, со цел да не се трупат нови долгови.
-Во рамките на новиот буџет предвидени се повеќе капитални проекти, од кои би издвоил реконструкција на улицата „Црн Врв“ од сопствени средства, а ќе се опфати целосна реконструкција на водоводната, канализационата мрежа, тротоарните површини, осветлување, како и нов асфалт. Иста таква реконструкција ќе имаме и на улицата „Тодор Александров“, вели Анастасов.
За улицата „Тодор Александров“ средствата ќе се обезбедат преку Светска банка, а претходно, односно општината за овој проект има аплицирано преку Министерството за финансии. Анастасов забележува дека наскоро ќе се пуштаат во употреба и преадаптираните простории во основно училиште во населбата Калниште, каде што ќе се згрижат 40 деца од предшколска возраст.
Општина Пробиштип има и аплицирано со 10 готови проекти до повеќе министерства и институции за реализација на проекти од областа на инфраструктурата, земјоделството и културата.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче

