Бројот на загинати во стампедото во Саудиска Арабија се зголеми на 769 лица
Бројот на жртви во стампедото на аџилак во саудискиот град Мина во близина на Мека, се зголеми на 769 лица, изјави денеска саудискиот министер за здравство Калид ал-Фалих.
- Најновите податоци покажуваат дека загинале 769 луѓе, што е 52 повеќе во однос на претходните официјални податоци, рече Фалих.
- Се работи за луѓе кои по стампедото починале во повеќе различни болници, рече министерот и додаде дека во несреќата се повредени 934 лица.
До оваа најтешка несреќа на аџилакот во последните 25 години дојде кога на улицата се судриле два големи брана луѓе во близина на светилиштето Мина, во близина на Мека.
Иранскиот државен обвинител изјави дека ќе покрене обвиненија против саудиските власти пред меѓународни судови поради трагедијата.
Во изјава за државната телевизија, Ибрахим Раизи ја нарече трагедијата „злосторство“, кое треба да подлежи на казна.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг