Брнабиќ: Вакцината на Фајзер се уште не е регистрирана во Македонија

Во интервју за „Happy Tv“, српската премиерка Ана Брнабиќ кажа дека вакцината на Фајзер не е регистрирана во Македонија и дека тие во моментот помагаат за да се регистрира.
“Ние имаме договор, премиерот на Македонија Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ разговараа. Вучиќ одлучи да им помогнеме со 8.000 вакцини. Помагаме вакцината на Фајзер да се регистрира во Македонија, работиме со нив. Проблем може да биде тоа што тие добија вакцина од Фајзер, но се уште не е регистрирана. Не е поентата само да се купи вакцината, постојат уште многу работи како регистрација од страна на релевантна агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји која има адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцина, се е транспарентно. Слушав приказни од луѓе од други земји каде што кажуваат дека немаат претстава како да се пријават, кои им се приоритетни групи“, кажа Брнабиќ.
Ново на Сител
-

Романски државјанин возел со брзина од 163 км/ч на место каде дозволено 80км/ч
-

Во шатор во Галичник пронајдена разновидна дрога - пет лица приведени
-

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
