Британско Министерство: Руската војска се обидува да ги опколи украинските сили на исток
Руската војска се чини дека се обидува да ги опколи украинските сили кои се борат во сепаратистичките области во источна Украина, соопшти британското Министерство за одбрана.
Руските сили напредуваат на југ од областа околу Харков и северно од Мариупол, соопшти британското министерство во разузнавачкиот брифинг, објавен утринава.
Боиштата во северна Украина се „главно статични”, а украинските контранапади ги попречуваат руските напори за реорганизација на нивните сили, соопшти британското министерство.
На претходниот брифинг објавен синоќа, Министерството посочи дека Русија продолжува да погодува цели низ Украина, вклучително и многу густо населени области.
Русија се потпира на проектили лансирани од нејзина територија за да ја намали изложеноста на нејзините авиони на украински противвоздушни оган, соопшти британското министерство, додавајќи дека ограничените резерви на ова оружје ќе ја принудат Русија да се врати на помалку софистицираните ракети или да прифати повеќе ризици за нејзините авиони.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
