Бремените жени да не ја примаат вакцината на Модерна, предупредува СЗО
Светската здравствена организација објави ново упатство во врска со вакцината за COVID-19 произведена од Модерна, а во него стои и загрижувачка порака за бремените жени.
Ескпертите за имунизација при СЗО, попознати како САГЕ, денеска издадоа серија препораки околу вакцината на Модерна, меѓу кои и дека препорачливо е бремените жени да не ја примаат оваа вакцина, освен ако не се здравствени работнички или ако се во загрозената група.
„Иако бременоста ги става жените во поголем ризик за COVID-19, сега за сега не е препорачливо да се вакцинираат со оваа вакцина“, објави САГЕ.
Директорот за имунизација при СЗО, Кејт О'Брајан, вели дека потребно е прво да се направат клинички испитувања врз бремени жени со вакцината на Moderna пред да се даде зелено светло за вакцинација и на оваа група.
Оваа вакцината се прима во две дози во интервал од 28 дена помеѓу дозите, со напомена дека во некои случаи, доколку е потребно, интервалот може да биде и до 42 дена.
Вакцината Модерна е направена од страна на американската фармацевтска компанија Moderna во соработка со американските институти НИАИД и БАРДА.
Во САД вакцината доби итна дозвола за употреба на 18 декември. Пет дена подоцна беше одобрена и во Канада, во ЕУ на 6 јануари, а два дена подоцна и во Обединетото Кралство.
Ново на Сител
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари