Бразилски политичар избран за градоначалник, иако цел месец е во индуцирана кома поради коронавирус

Локалниот политичар од централен Бразил, Магуито Вилела, вчера бил избран за градоначалник на градот Гоијанија, но тој се уште не го знае тоа, бидејќи поголемиот дел од месецот го мина на респиратор во индуцирана кома поради инфекција со Ковид-19.
Неговиот случај е само последен пример на големината на пандемијата на коронавирусот во Бразил, земјата која го има најголемиот број на смртни случаи во светот, по САД. Повеќе од 6,3 милиони Бразилци досега биле заразени и речиси 173. 000 се умрени од Ковид-19, наведува бразилското Министерство за здравство.
Вилела, поранешен сенатор од центристичкото Демократско движење, на 20 октомври бил регистриран како позитивен на коронавирусот. Една недела подоцна, тој бил примен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло и од 30 октомври е интубиран.
На 8 ноември нему му бил остратнет респираторниот систем, но веќе на 15 ноември бил вратен на машината, кога минал во вториот круг од локалните избори со конкурентот од Социјалдемократската партија, Вандерлан Кардос.
Вилела вчера беше избран за градоначалник на Гоијанија, град со околу 1,5 милиона жители во централен Бразил, на 200 километри југозападно од бразилската престолнина. Тој на гласањето доби 52,6 проценти од гласовите.
Заменик градоначалникот на местото, Рожерио Оливеира да Круз, вчера веднаш свика прес-конференција за да се моли за здравјето на градоначалникот.
-Сите планови на Магуито ќе бидат спроведени во следните четири години, и тој ќе биде со нас, рече заменик градоначалникот, пренесен од порталот Г1.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е аманет дека слобода се добива со храброст, а држава се гради со труд, чест и одговорност
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
