Божествена литургија на врвот на Крчин

Трета година по ред братството од Бигорскиот манастир и сестринствата на манастирите од Рајчица и Пречиста предводени од игуменот архимандрит Партениј отслужија Божествена литургија на врвот Крчин којшто се наоѓа на надморска височина од 2.341 м.
- Управувајќи ги сите наши сили кон искачувањето на овие небесни висини, заедно со сите присутни споделивме ретко и благословено искуство да присуствуваме на необичната богослужба, која според неодамна востановената традиција, на самиот врв ја служат јеромонаси и јероѓакони од нашето манастирско братство, велат од Бигорскиот манастир.
На ова место, некогаш имало храм посветен на Преображението Господово, а денес стојат само остатоци од него.
- Во присуство на повеќе од 350 верници, планинари, алпинисти, спортисти и вљубеници во православната богослужба и во природните убавини, имавме една прекрасна можност, заедно со сите нив да Му ги произнесеме на нашиот Господ своите молби и топлото душевно расположение. Оти, навистина голем е подвигот човек да се искачи на овој чудесен по својата убавина врв, и таму во близина на остатоците од некогашниот храм посветен на Преображението Христово, да Му служи Нему во таинствено и длабоко созерцание, на богослужба која како да се одвива на небесата, додаваат од Бигорскиот манастир.
Годинава, за првпат за безбедноста на сите присутни се грижеше Единицата за спасување на планини и непристапни терени од Црвениот крст од Охрид, а имаше и лиценцираните водичи од Македонската асоцијација за интернационални водичи во планина (МАИВП) и од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ).
На врвот Крчин, во 2016 година, за првпат по 80 години монашкото братство на Бигорскиот манастир и сестрите од манастриот „Свети Георгиј Победоносец“ од Рајчица отслужија литургијата во чест на Господовото Преображение.
Врвот Голем Крчин е највисокиот врв на планината Крчин во дебарскиот крај на Западна Македонија. Планината се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-
Ново на Сител
-

Москва ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на пакетот санкции против Русија
-

Приведени две лица поради нелегална сеча на дрва
-

Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршок
-

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
-

Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата - оштетени јавни објекти и инфраструктура
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
