Борис Џонсон размислува да го истурка Брегзит без британскиот Парламент

Борис Џонсон, фаворитот во трката за нов лидер на Конзервативната партија и иден премиер на Обединетото кралство, и неговите приврзеници ја разгледуваат можноста за прекин на работата на парламентот за да се спроведе излезот на Велика Британија од ЕУ без договор, информира „Скај њуз“.
Според извори на телевизијата, за спроведување на замислата се предвидува кралица Елизабета Втора на почетокот на ноември да го одржи својот годишен кралски говор, откривајќи ја тогаш новата парламентарна сесија, кога земјата веќе ја има напуштено ЕУ.
-Се разгледуваат повеќе идеи, вклучувајќи ја и оваа, изјави претставник на кампот на Џонсон.
„Скај њуз“ претходно информира дека околу 30 пратеници на владеачката Конзервативна партија, предводени од министерот за финансии Филип Хамонд, планираат да го спречат излегувањето на земјата од ЕУ без спогодба.
Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година, но британскиот Парламент три пати го тргна настрана проектот за спогодбата за Брегзит, што Тереза Меј го постигна за време на преговорите со европските лидери.
На крајот ЕУ се согласи да го одложи датумот за Брегзит првично за април-мај, а потоа и за 31 октомври 2019 година.
Ново на Сител
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
-

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
-

Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО
-

Несреќа во Црна Гора, карпа падна врз автобус полн со деца кои се враќале од екскурзија
