Борел: Отпорност и помирување, два клучни збора за Западен Балкан
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жозеп Борел денеска изрази надеж дека одговорот на Белград и Приштина на германско – францускиот предлог за нормализација на односите, ќе претставува чекор напред во процесот на дијалог.
– Во наредните денови ќе го видиме нивниот одговор на тој предлог и се надевам дека тоа ќе претставува подобрување и чекор напред во овој процес, изјави Борел пред состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Минстер, Германија, пренесе Европската служба за надворешни работи.
Според Борел, една од темите ќе биде и Западен Балкан, па додаде дека отпорноста и помирувањето се два клучни збора за овој регион.
Како што појасни тој, отпорноста се однесува на зголемување на економските и политичките капацитети за соочување со предизвиците, а помирувањето на надминување на наследството од минатото.
Борел наведе и дека ЕУ е најголем инвеститор на Западен Балкан и оти го поддржува регионот и во борбата против дезинформациите, соочувањето со кибер нападите и хибридните закани што доаѓаат од Русија.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
