Свет
24. October 2018 - 17:54

Бомба за Си Ен Ен: Евакуирана зградата на познатата медиумска куќа и на Тајм Ворнер поради сомнителна направа

Откако денеска се пресретнати сомнителни пакети со експлозивни направи упатени на адресите на Хилари и Бил Клинтон, Барак Обама и Белата куќа, американските медиуми јавуваат дека во тек е евакуација  на просториите на Си Ен Ен и Тајм Ворнер центарот во Њујорк.

Репортер на Си Ен Ен напиша на Твитер дека просториите на таа медиумска куќа се евакуирааат, пренесува Ројтерс.

Британската агенција наведува, повикувајќи се на Си Ен Ен дека во тек е евакуација и на Тајм Ворнер центарот, повеќенаменскиот облакодер, наводно поради сомнителна направа.