Болсонаро во текот на својот мандат потрошил пет милиони долари од службената картичка
Податоците од кредитната картичка на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро откриваат дека тој потрошил пет милиони американски долари за време на неговиот четиригодишен мандат, а потрошил повеќе од 21.000 долари на само една вечера во ресторан.
Новата бразилска Влада на својата веб-страница објави извод за состојбата на сметката на официјалната картичка на поранешниот шеф на државата.
Заедно со Болсонаро пристап до кредитната картичка имал и неговиот тим од 21 лице, пренесоа агенциите.
За разлика од неговите претходници, Болсонаро беше таинствен за трошоците, но неговиот наследник Луис Ињацио Лула да Силва реши да ги објави јавно.
Така, Болсонаро потрошил повеќе од 235.000 американски долари на годишни одмори во 2019, 2020 и 2021 година. За време на една посета на бензинската пумпа потрошил речиси 14.000 долари и 286.000 на неколку престои во луксузен хотел во Гуаруџа, одморалиште недалеку од Сао Паоло.
Сепак, изгледа дека Болсонаро најмногу потрошил на раскошни ручеци и вечери. За време на посетата на релативно евтин ресторан во Боа Виста, во државата Рораима, со претседателската картичка била платена сметка од повеќе од 21.000 долари.
Во текот на четири години, тој оставил повеќе од 71.000 долари во пекара во Рио де Жанеиро, а едно купување изнесувало речиси 11.000 долари. Таа сума е потрошена еден ден по свадбата на синот на Болсонаро и пред собирот на моторџиите организиран од приврзаниците на Болсонаро на улиците на Рио.
Ново на Сител
-
Измамен 77-годишник, дал 10.000 евра за наводно да ја спаси внуката од лажна сообраќајка
-
Отворен Октоберфест: Рекордни цени на пивото, милиони посетители и климатска агенда
-
Пет претставки од граѓани до ФЗО за кардиолошките случаи, наскоро прв онлајн состанок со странските експерти
-
Притвор во траење од 30 дена за 12 лица, куќен притвор за тројца од осомничените за пустошење шуми
-
Трамп ќе го прими Ердоган во Белата куќа на 25 септември
-
Приведен 39-годишник, управувал возило со 2,60 промили алкохол и предизвикал сообраќајка
-
Во Белград се одржува воена парада
-
Приведени две лица во Велес, кај нив пронајдени пушка-артефакт, муниција