Македонија
3. October 2018 - 21:25

Богданов: Очекувам пратениците да ја преземат својата одговорност

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Костадин Богданов пред вечерашниот состанок на ова партиско тело изјави дека очекува да се разговара за следните чекори по неделниот референдум.  

- Има опција да се поддржи Договорот во Собрание или предвремени избори. Не знам какво е расположението, ова е прв состанок по референдумот, но мое лично убедување е да се заврши процесот во Собрание и дека пратениците треба да ја преземат својата одговорност, кажа Богданов.