Бочварски: Највисоки капитални инвестиции годинава, реализирани проекти во висина од 540 милиони евра

Министерството за транспорт и врски во годината што изминува има историски најголеми капитални инвестиции, изјави ресорниот министер, Благој Бочварски, кој при денешната посета на Пробиштип.
-Она коешто можам да го истакнам е дека до денеска ние имаме веќе највисоко ниво на капитални инвестиции историски гледано од 1991 година од независноста на државата до денеска. Ако минатата година имавме 465 милиони евра капитални инвестиции, оваа година до денеска инвестициите во капитални проекти се некаде 540 милиони евра и јас очекувам и таа бројка да продолжи да расте се до последниот ден од оваа година, рече Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање на МИА во врска со висината на капиталните инвестиции оваа година.
Тој посочи дека проектите се реализираат и во локалните средини и на регионалните и на магистралните патишта и на сите проекти каде што се инвестира од страна на државата.
-Работиме и на изградба на железничката пруга во првите две делници каде што имаме одличен прогрес на работите, а пред неколку дена беше распишан и тендерот за третата делница, така што наредната година очекувам да биде уште посилна и реализацијата на сите проекти да продолжи непречено, рече Бочварски.
Ново на Сител
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
