Боцан-Харченко: Договорот меѓу Белград и Приштина без Русија не доаѓа во предвид
Рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан-Харченко изјави дека Русија ќе се вклучи во преговорите за Косово ако добие покана од Белград, но и дека без Русија и одобрувањето на Советот за безбедност, договор не доаѓа во предвид.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, рускиот амбасадор во изјава за „Блиц“ кажа дека Русија отсекогаш била за продолжување на разговорите и дека загрижува желбата за брзо решение, затоа што би се дошло до опиплив напредок и компромис ако би имало повеќе време.
-Не верувам дека постои брзо решение, освен ако не станува збор за наметнување на решение што не е прифатливо за Белград, како што е признавање на независноста на Косово, кажа Боцан-Харченко, прашан за обидите на САД во краток рок да го решат прашањето за односите межу Белград и Приштина .
Тој оцени дека во медиумите повеќе се говори за евентуалната размена на територии, а да официјално таков предлог не е предложен.
Рускиот амбасадор изјави дека не се точни критиките да Русија не сака да се дојде до решение, како би го задржила влијанието врз регионот преку Србија. Тој додаде дека интересот на Русија „отсекогаш бил и останува продолжување, во овој случај обновата на разговорите“.
-Ако меѓународната заедница сака да направи позитивен и значаен придонес, таа мора да извлече поуки од она што било и да ја разбере моменталната состојба која не одговара на никого во регионот, ни во Европа, ниту во Вашингтон, кажа Боцан-Харченко, кој додаде дека „сите разговори мора да бидат вратени врз основа на Резолуцијата 1244“ на ООН. о
Ново на Сител
-
Бајден и дозволил на Украина да користи американско оружје за напади во внатрешноста на Русија
-
„Неговата смисла за хумор е неверојатна“ напиша Маск за изјавата на Зеленски дека „САД не можат ја принудат Украина“
-
Тепачка помеѓу малолетници во Штип
-
НАТО: Руските напади врз електричната мрежа на Украина ги тероризираат цивилите
-
Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
-
Победа над Фарски Острови - Македонија прво место во четвртата група
-
Халанд може да стане најплатениот играч во Премиер лигата
-
Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина