Блокирани улиците во Женева, Бајден пристигна во вилата, се чека на Путин
Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател, Џо Бајден, денесја ја имаат првата тет-а-тет средба во вилата „ Ла Гранж“ во Женева, каде што зад затворени врати ќе разговараат за голем број спорни прашања во време кога американско-руските односи се на најниско ниво од крајот на Студената војна.
Американскиот претседател вчера пристигна во Женева. По средбата со швајцарскиот претседател и шефот на дипломатијата, тој се повлече во хотелот каде требаше да престојува до средбата со Путин. Се верува дека Путин ќе слета околу пладне.
Деновите пред состанокот во овој град беа направени детални подготовки и проверки за нивното доаѓање. Вилата „Ла Гранж“, каде ќе се сретнат, се наоѓа на брегот на Женевското езеро и е опкружена со километри бодликава жица. Паркингот е реконструиран за да се сместат повеќе од 30 возила на делегациите, и беше обезбедено место за слетување на два хеликоптери.
Планот за самитот е двајцата лидери да се состанат во 13 часот по средноевропско време. Според претходните најави од Кремљ, преговорите ќе се состојат од три дела. Тие ќе се сретнат најпрво во потесен состав, а потоа и во проширен, за на крајот да одржат одделни прес-конференции.
За време на разговорите, Путин ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, а Бајден ќе биде придружуван од американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Жителите на Женева утринава главно работат од дома, бидејќи се блокирани голем број улици. Оклопни возила се паркирани пред хотелот Интерконтинентал, каде што престојува претседателот Бајден, а бетонските блокови се поставени низ целиот град. Руски и американски знамиња се веат на бројни локации во центарот.
Во обезбедување на самитот се ангажирани околу 4.000 припадници на безбедносните сили, кои се одговорни посетата и историскиот состанок да се одвиваат без проблеми.
Ново на Сител
-

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
-

Блумберг“: САД ја проверуваат лојалноста на сојузниците во НАТО
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
-

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски и финансиски трансакции со Иран се суспендирани
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
-

Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд
-

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него

