Блокада на булеварот во Гевгелија за поддршка на болните од рак
Граѓанското здружение ChangeMakers4all од Гевгелија денеска соопшти дека утре ќе организира петминутна блокада од двете страни на булеварот Гевгелија во знак на почит кон починатите и поддршка на болните од рак.
Блокадата под мотото ,,Марш во молк“ ќе почне во 15 часот и 10 минути во знак на поддршка на заболените од оваа болест и на нивните семејства и пријатели.
– Заедно со заболени лица од канцер, излечени пациенти, семејства на заболени и нивни пријатели ќе бараме внимание за поголема поддршка на болните, финансиска поддршка за патување на пациентите до Скопје со придружба и можност за отворање во градот на одделението за Онкологија кое со обучени лица за хемотерапија ќе го покрива регионот на општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, изјави претседателката на здружението Марина Томова.
Една од целите на ,,Маршот во молк“ е давање поддршка за формирање на здружение со раководство кое ќе даде се од себе за исполнување на потребите и барањата кои се од животно значење за нашите сограѓани заболени од оваа болест и кое ќе работи на истражување на главните причинители за високиот процент на заболени од опаката болест, појасни Томова.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја