Блогерка стана милионерка од објави на Јутјуб
Дваест и двегодишната Американка, Ева Гатовски стана милионерка заработувајќи пари од нејзините видео објави на Јутјуб.
Кога пред пет години почнала да снима видеа и да ги објавува на нејзиниот канал на Јутјуб, „MyLifeAsEva“, Гатовски планирала да заработи пари со кои ќе покрие дел од студиите по новинарство, но, не ни претпоставувала, дека тоа ќе прерасне во „бизнис“ од кои може солидно да заработива.
Својот „интернет бизнис“ Ева го започнала пред пет години кога почнала да води моден блог на кој објавувала коментари и по некое видео. Набрзо дознала дека подоходовно ќе и биде доколку својата активност ја префрли на Јутјубм па така и го формирала каналот „MyLifeAsEva“.
Првиот чек што го добила од Јутјуб бил на сума од 20 доалри, кои ги потрошила на вечера.
Нејзиниот канал на Јутјуб денес има над 7,5 милиони следбеници, што досега и донесе заработка од неколку милиони долари.
Ново на Сител
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина