Бизнис на иднината со производ повреден од златото – килограм чини 100.000 долари
Пчелниот отров е најдрагоцен и најскап продукт од пчелите кој има свој пласман во САД, каде го откупуваат фармацевтските и козметичките компании, за производство на скапи креми против брчки и ботокс, во производство на лекови за кардиоваскуларни и ревтамски болести, како и за лекови за повеќе од 40 најтешки автоимуни болести.
Процесот на производство на пчелниот отров трае 45 минути. За да се добие еден грам, потребни се 15 пчелни друштва, кои мораат да убодат 1.000 пати. Математиката е едноставна, но целата процедура не ни малку лесна. Кај Русите и Кинезите оваа гранка е најразвиена.
Отровот од пчели е смеса од органски киселини и разни хистамини и се користат во апитераијата за санација на одредени болести. Истражувањата покажале дека пчелниот отров има јак токсичен ефект на болните ќелии, конкретно на ќелии зафатени од разни видови рак.
Пчеларите велат дека козметичката индустрија главно го користи змискиот отров, бидејќи е поевтин и поселно се наоѓаат поголеми количини. За споредба, потребни се 100 убоди од пчела, да се добие колку отров од еден змиски загриз.
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица