Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци
Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април.Најголемата криптовалута во светот се зголеми за речиси четири проценти до 59,465 американски долари.
Тоа е највисоката вредност на биткоинот од средината на април, кога беше на рекордни 64.895 долари.
Бен Каселин, раководител за истражување и стратегија на азиската берза за криптовалути, рече дека скокот на биткоинот над 59.000 долари не е произволен и дека долгорочните инвеститори го акумулираат веќе некое време.
– Се очекува да се постигне значителен напредок околу американскиот Биткоин ЕТФ во четвртиот квартал, рече Каселин.
Тој додаде дека денешните настани се поттикнати и од твитот од Канцеларијата за едукација на инвеститори СЕЦ.
„Пред да инвестирате во фонд кој има термински договори за биткоин, внимателно проучете ги потенцијалните ризици и придобивки“, се вели во соопштението на СЕЦ.Претседателот на СЕЦ, Гери Генслер претходно изјави дека пазарот на крипто валути вклучува многу учесници кои можат да бидат нерегистрирани хартии од вредност и ги остава цените отворени за манипулација, а милиони инвеститори осетливи на ризик
Ново на Сител
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија