Бислимоски: Не се очекува недостиг на нафта и нафтени деривати
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски, не очекува да има недостиг на нафта и нафтени деривати во земјава по одлуката на Европската Унија за забрана за увоз на руски дизел, ниту, пак, тоа да има сериозни импликации на цената на дизелот во наредниот период.
- Мерката што во неделата ја донесе Европската Унија се однесува на дизелот, екстра лесното масло, мазутот и керозинот, но таа не може да се одрази врз земјава поради тоа што и во изминатите години ние не сме увезувале руски дизел, објави претседателот на РКЕ, Бислимоски, на својот фејсбук-профил.
Како што посочува тој, најголемиот дел од готовите нафтени деривати меѓу кои и дизелот, односно околу 90 проценти, ги набавуваме од Грција каде руската нафта има многу мало влијание.
- На ниво на ЕУ потребите за обезбедување руски дизел беа околу 15 проценти или околу 720-730 долари за тон. Сега Унијата ќе прави централизирана набавка со цел да ги намали трошоците за транспорт и веќе има склучено договори за набавка на дизел во најголема мера со Кувајт, појаснува Бислимоски.
Во наредните десетина дена тој вели дека ќе следиме што ќе се случува на берзите и дали ќе има зголемени трошоци за транспорт кај компаниите, но не очекува сериозни импликации на цената на дизелот во наредниот период.
- По вчерашниот ден, кога почна да се применува мерката, на Медитеранската берза имаше намалување на цената на дизелот, прецизира Бислимоски во објавата на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
