Биро за застапување на РМ пред ЕСЧП: Не е точно дека ЕСЧП одлучил дека аболицијата на Иванов важи

Не е точна информацијата пренесена во медиумите дека Судот за човекови права во Стразбур одлучил дека аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов, од април 2016 година, со која од прогон се аболицирани 54 лица – важи, не е, и не може да биде повлечена или укината. Ваква одлука од страна на ЕСЧП не е донесена,ниту доставена до институциите на Република Македонија, наведува во соопштение Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.
Eвропскиот суд за човекови права (ЕСЧП) на 25.09.2020 година, на одговор до Владата на Република Македонија достави две групи апликации кои се поднесени против државата пред овој меѓународен суд, а во кои се проблематизираат тековни или завршени постапки од аспект на аболициите на поранешниот претседател на државата Иванов.
Како што информира Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, станува збор за стандардна постапка која поднеднакво важи и за останатите држави членки на Советот на Европа и за стандардна постапка на доставување апликации на одговор до државата.
-За Владата на Република Македонија, постапка по поднесена апликација пред ЕСЧП започнува кога апликацијата поднесена до ЕСЧП, по прелиминарна оценка на нејзината допуштеност, ЕСЧП ќе одлучи да ја достави на одговор до државата. Во врска со апликациите кои се во фокус на актуелниот интерес на јавноста и информацијата која се објави во дел од медиумите, државата се наоѓа токму во оваа фаза кога предметните апликации се доставени на одговор до државата, велат од Бирото.
Притоа, додаваат информацијата дека „Судот за човекови права во Старзбур одлучил дека аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓи Иванов, од април 2016 година, со која од прогон се аболицирани 54 лица – важи, не е и не може да биде повлечена или укината. Со тоа, најголем дел од предметите кои сега се во фаза на судење по обвинение од СЈО паѓаат во вода, мора да се запрат, а обвинетите или осудените да бидат ослободени од прогон или казна. Судот во Стразбур за својот став ја известил и македонската влада уште на 14 Септември, и решил одлуката да се спроведе во две фази….“ не е точна, ниту вистинита, зошто таква одлука од страна на ЕСЧП не е донесена ниту доставена до институциите на Република Македонија. Оттука не може да стане збор ниту за евентуално „спогодбено спроведување на одлуката на Стразбур”.
-За постапките ЕСЧП на својата интернет страница, веќе објави податоци во однос на лицата кои поднеле апликации, нивните наводи за повреда на ЕКЧП, како и во однос на прашањата кои се упатени до страните во постапката (види на http://hudoc.echr.coe.int/eng?
Ново на Сител
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
-

Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола
-

Нов круг мировни преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби, без претставници на САД
-

Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации
-

Со меѓународна поддршка започнува 8. сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег
