Билапс нов тренер на Портланд
Чонси Билапс е назначен за нов тренер на Портланд блејзерс, објави НБА-лигашот.
Билапс стана 15. тренер во историјата на Блејзерс. Поранешниот предводник Тери Стотс доби отказ по испаѓањето во првата рунда од плејофот, четврти пат во последните пет години.
– Чонси е докажан лидер со елитен коефициент на интелигенција во кошарка, кој го освоил секое место во кое работел. Тој е подготвен за предизвиците за развој на навики на шампиони и развој на стратешки пристап, кој е неопходен за да се постигнат нашите цели, рече претседателот на Портланд, Нил Олшеј.
Од 2020 година, Билапс е асистент во стручниот штаб на ЛА клиперс. Тој нема искуство како главен тренер. По крајот на неговата играчка кариера во 2014 година, стана стручен коментатор на телевизија.
Билапс играше 17 сезони во НБА-лигата. Имаше просек 15,2 поени, 2,9 скока и 5,4 асистенции по натпревар. Во 2004 година му помогна на Детроит да ја освои шампионската титула.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат
-
Виландер: Синер е шампион, а Алкараз е суперѕвезда
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај патот Маврово-Гостивар во која учествувале осум возила
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект
-
Уапсен игумен во Грција додека се обидувал да продаде византиски реликвии за 200.000 евра
-
Алкараз и Синер ги сменија местата на врвот на АТП ранг-листата
-
Активни шест пожари на отворено во државава