Бил будистички монах, па стана најбарана манекенка

Мими Тао на свет дојде како момче, Фарајанат Нобантао, и одрасна во многу религиозно семејство на Тајланд.
Кога неговите родители доживеале финансиски крах го испратиле во будистички храм каде одел во верско училиште, за еден ден да стане монах.
Будистичкиот храм бил негов дом од 12. го 18 година од животот. Меѓутоа уште тогаш знаел дека сака да биде жена, се чувствувал како жена и чезнеел за женска гардероба, па скришум со уште 4 ученици својата соба ја претворал во лична модна писта.

Дури почнал и да зема хормони со желба да му се зголемат градите и да му се намали растот на влакната. Во една прилика, мајката ја открила неговата тајна, кога случајно го посетила во училиштето и му се заканлила дека засекогаш ќе се одрече од него, ако не престане со тоа.

Но тогаш Мими Тао одлучила сама да си оди од домот и да го следи својот животен сон. Се помирила со тоа дека е трансродна и сфатила дека засекогаш ќе биде несреќна ако не биде тоа што е.

Во почетокот работела како кабаре танчерка, но струите на судбината ја однесоа на модните писти, што и беше нејзина цел. Истакнува дека повеќе пати се сретнала со презир и отфрлање, но успеала и денеска е еден од најбараните модели во Тајланд.

Ѕвезда е на многу кампањи и тамошните креатори се луди по неа.
Се надевам дека ќе работам во Њујорк, таму луѓето се поотворени и имам потенцијал таму да успеам. Никогаш не се знае што носи иднината. Можеби пак ќе станам монах еден ден, вели Мими.

Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
