БиХ: За денеска најавено затворање на прифатниот камп „Вучјак“
Процесот на преместување мигранти и бегалци од прифатниот центар Вучјак кај Бихаќ почнува денеска, по што кампот ќе биде затворен, како што беше најавено по минатонеделната средба на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ и премиерот на Унско-санскиот кантон, Мустафа Ружниќ.
Според Мектиќ и Ружник, мигрантите треба да бидат привремено префрлени во центрите Ушивак и Салаковац се додека не се реновира касарната „Блажуј“ кај Сараево, по што сите ќе бидат преместени.
Меѓународната организација за миграција (ИОМ) вели дека прво е потребно да се процени колку човек сака доброволно да се пренесе во други прифатни центри и дека повеќе информации ќе бидат достапни во наредните два дена.
Ал Џазира јави синоќа од кампот Вучјак дека „засега, ништо не укажува на тоа дека кампот ќе се трансформира и дека мигрантите и бегалците ќе бидат пренесени на други локации“.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија