Македонија
22. September 2024 - 16:42

,,Библиотека на тркала'' во Струмица - полесно до книга

Струмичката библиотека започна иновативен проект насловен ,,Библиотека на тркала,,. Целта на проектот е да ги направи книгите достапни за сите читатели, особено за лицата кои немаат можност физички да ги посетат просториите на библиотеката. Со помош на карго велосипедот и волонтерите вклучени во проектот,  бараната литература станува достапна до секого. „Библиотека на тркала“ не само што ја поттикнува љубовта кон книгите, туку и ја зголемува свеста за важноста на библиотеките во современото општество.

Услугите на карго велосипедот се бесплатни и можат да ги користат сите љубители на книгата.Посебен акцент е ставен на руралните средини кои немаат библиотеки. Со оваа иницијатива, жителите на малите места добиваат можност за лесен пристап до саканата литература, без разлика на нивната локација.

Со проектот ,,Библиотека на тркала,, библиотеката Благој Јанков Мучето од Струмица се приклучува на агендата на Обединетите нации за зелени библиотеки.