ОН: Безбедносните служби на Венецуела за 18 месеци убиле речиси 7.000 луѓе

Во објавениот извештај на Високиот комесар за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, се укажува дека во изминатава година и пол безбедносните органи на Венецуела ликвидирале околу седум илјади луѓе од опозицијата.
Извештајот беше презентиран денеска во Женева пред Советот за човекови права на ОН.
Се укажува дека за тоа биле ангажирани специјално формирани одреди со своја команда надвор од истражниот и судски систем на земјата.
Во извештајот се вели дека безбедносните служби лани убиле 5.287 лица, а во првото полугодие на 2019 година ликвидирале 1.569 луѓе.
Податоците за убиствата се добиени од Владата на Венецуела откако технички тим на ОН минатата година ја посети земјата.
Бачелет, активистка за човекова права со потекло од Чиле која неодамна беше во Венецуела, во извештајот предупредува дека „постојат оправдани сомнежи дека убиствата се вонсудски ликвидации извршени од безбедносните служби” на земјата. Според неа, властите најверојатно ги ангажираат специјалните сили ФАЕС и други тајни служби за спроведување на политика на социјална контрола над населението.
Таа повика на итно спроведување истрага „за повикување на одговорност на извршителите и гаранција дека ова нема да се повтори”.
Ново на Сител
-

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“
-

Уапсен 20-годишник од Жировница, при претрес пронајдена прашкаста материја
-

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
