Без струја утре повеќе делови на Скопје
Без електрична енергија утре во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Малина Попиванова“, во општина Кисела Вода.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, заради закажани технички зафати без струја во периодот од 08:00 до 13:00 часот ќе останат и корисниците од дел од Кучевишка Бара, фирмата Дрво Метал и патот за Радишани, во општина Бутел.
Од 09:00 до 11:30 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од објектот на Свед Милк во населба Илинден, во општина Илинден.
Без струја во периодот од 08:00 до 12:00 часот ќе останат и корисниците од улицата „Христо Татарчев“ – делот кај задна постојка на линија 24 и подулиците 2, 4, 6 и 15 и околината, во општина Кисела Вода.
Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од делови од улиците „Петар Драганов“, „Софиска“, „Копенхагенска“ и „Бриселска“, во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски