Без струја утре и во понeделник повеќе скопски села и општини

Скопје, 4 ноември 2016 (МИА) - Без електрична енергија утре во периодот од 9 до 15 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Апостол Гусларот“, Амбасадата на Романија, ОУ „Песталоци“ и дел од улицата „Борка Талески“, улицата „Стефан Јакимов Дедов“ во општина Центар.
Во понеделник во период од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од село Долна Арнакија во општина Сарај, дел од село Кучково во општина Ѓорче Петров, дел од улицата „Нов Живот“, улицата „Страцинска“, улицата „Вашингтонска“ во општина Шуто Оризари.
Без електрична енергија во период од 9 до 12 часот ќе бидат дел од корисниците на улица „Прашка“ од бр.54 до бр.58 во општина Карпош.
Како што информираат од РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со адмирал Викоф, нагласено значењето на партнерството со НАТО и со САД
-

Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили
-

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол во прва работна посета на Армијата и Министерството за одбрана
-

Минчев на средба со СИГМА: Транспарентноста и ефикасноста клучни за јавната администрација
-

Руте: Многу земји-членки на НАТО не издвојуваат доволно средства за Украина
-

Божиновска: Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра
-

Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
-

Сиљановска - Давкова: Да се влезе „Во мојот свет“, значи да се признае дека тој е и наш заеднички свет
