Без струја повеќе скопски општини

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска, во понеделник и во вторник без електрична енергија ќе останат повеќе скопски општини. Како што соопшти РЦУК-Скопје, денеска од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат потрошувачите во околината на објектите на ПЗУ „Бела Дент“ и Агроунија на улица 8 во населбата Илинден.
Во понеделник, 8 февруари, од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Марко Крале“ во Општина Бутел, а од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од улиците „Невена Георгиева Дуња“ и „368“ во Општина Кисела Вода.
Истиот ден од 11:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата „Варшавска“ во Општина Карпош. Во вторник, 9 февруари од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од селото Горно Лисиче во Општина Аеродром.
Од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Христо Татарчев“, подулица бр. 22 во Општина Кисела Вода, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата „Бранко Заревски“, делот меѓу Пазарот и Поштата во населбата Драчево.
Од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата „Боривое Милошевски“ во Општина Гази Баба.
Ново на Сител
-

Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток
-

Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје
-

Собранието треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница
-

Трамп за Иран: Победивме, но не сакаме да си одиме предвреме
-

Пет бродови нападнати во Персискиот Залив и Ормускиот Теснец
-

Почина Кирил Поп Христов – Кили
