Балкан
3. March 2017 - 22:57

Без милост ги тепале своите родители - затворени двајца насилници

Двајца насилници истовремено завршиле зад решетки. 

Полицијата во Бор, го уапсила осомнитениот П.Р. поради оптужба дека е виновен за семејно насилство. 

П.Р. е обвинет за физичко насилство врз својата мајка, соопштува полициската управа во Бор. Судијата му одредил притвор од 30 дена.

Полицијата истакна дека за семејно насилство е обвинет и Д.С., кој е обвинет за насилство врз својот неподвижен татко, сестра и нејзиниот син.