Живот
20. August 2015 - 11:03

Бесплатен јавен превоз за секој кој чита книга

Вториот по големина романски град Клуж Напока во Трансилванија е првиот во светот кој овозможи бесплатен градски превоз за сите патници кои читаат книга во автобус.

Иницијативата ја покрена младиот активист Виктор Мирон, со намера да ги поттикне луѓето да читаат повеќе книги додека се возат во автобус.

Иницијативата ја однел пред општинските власти минатата година, а таа е усвоена во јуни оваа година, кога неколку дена патниците со книги во рацете можеа бесплатно да се возат.

Мирон слична акција организираше и кон почетокот на годината, кога увидел дека луѓето добро реагираат на попусти, му предложил на градското собрание првата недела секој месец луѓето кои читаат книга, бесплатно да се возат со автобус.

Откако властите го прифатија концептот, веќе првиот ден на саемот на книгата над 1.200 луѓе патуваа бесплатно.

Мирон се залагаше и за други кампањи кои го промовираат читањето. Една од нив е проектот „bookface“, која подрзабира сите луѓе кои како профилни фотографии на Фејсбук имаат книги, да добиваат попуст во книжарниците.

Според истражувањата на романскиот Институт за социологија, 22 отсто од младите Романци воопшто не читаат, додека еден од петмина чита само една книга годишно.