Беровската брана има доволно вода за потребите на граѓаните за пиење и за наводнување
Беровската брана во моментов има 7.808.400 метри кубни вода, количина која ќе ги задоволи потребите за вода за пиење и наводнување во Малешевијата. Директорот на Водостопанство Берово, Атанас Атанасов денеска информира дека иако овој сушен период приливот на вода во браната бележи најниско ниво досега, опасност по основните функции на браната на Ратевска Река во Малешевијата нема.
- Во моментов имаме прилив од 0,09 литри во секунда што значи дека е многу мал приливот на вода, ако се спореди со просечниот прилив од минатата година во истиот период кој бил 0,12 литри вода во секунда. Во моментов имаме 5 метра до прелив, односно намалено ниво на вода во браната за 2.200.000 метри кубни вода, или браната е на ниво од 7.808.400 метри кубни што е карактеристично за овој период од годината, но сметам дека е доволно да ги задоволи основните намени на браната, а тоа е вода за пиење на околу 14.000 жители и за наводнување на 100 хектари, рече Атанасов.
Тој информираше дека во моментов се работи на отстранување на дефектот на главната линија за наводнување, поради што се јавува застој во испуштање вода за потребите на земјоделските површини.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците