Беровската администрација се приклучи на акцијата ,,Не биди ѓубре”
Дождот и лошите временски услови не ја спречија беровската администрација, денеска да учествува во големата акција на Владата ,,Администрацијата чисти со Не биди ѓубре”. Во рамки на акцијата како што информираа од Општината, се собираше отпад на повеќе локации.
– Со овој ангажман, надвор од своите канцеларии, беровските административци, воедно го одработија 2 јануари, кој беше неработен ден, притоа со личен придонес на секој вработен се работеше за почист град и почиста општина, а воедно и на подигнување на јавната свест, со што беше покажано дека и институциите, но и секој граѓанин е одговорен за чиста животна средина, соопштија од Општина Берово.
Акцијата ја поддржа и градоначалникот Звонко Пекевски кој даде посебен придонес во нејзината реализација.
– Сметам дека треба да се работи многу, со цел да се подигне јавната свест на луѓето, за зачувување на животната средина. Сепак и мала акција значи многу за Берово, како туристичко место, кое е закитено со епитетот еко гратче, рече Пекевски.
Во рамки на акцијата, екипи на ЈПКР ,,Услуга” и ЈП,,Македонски шуми” посадија над 50 јавори, во централното градско подрачје.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350