Берлин најави „Маршалов план“ против бранот бегалци од Африка
Германија денеска ги повика развиените земји да го помогнат планот за поддршка на африканската економија, чија цел е отворање нови работни места и запирање на бранот мигранти од Африка, јави дописникот на МИА од Берлин.
Германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот Кабинет инсистираат на зголемени јавни и приватни инвестици во Африка, за да се подобри економската состојба и со тоа да се намали бројот на луѓето кои по секоја цена сакаат да дојдат во Европа.
- Мора да инвестираме во овие земји и да им дадеме на луѓето перспектива за иднината. Доколку африканската младина не може да најде работа или иднина во своите земји, нема да има стотици или илјадници, туку милиони мигранти кои ќе тргнат кон Европа, изјави денеска германскиот сојузен министер за развој Герд Милер, кој најави дека во наредниве недели ќе биде објавен „Маршалов план за Африка“, по примерот на огромната инвестициска програма што САД ја започнаа во Европа по Втората светска војна.
Милер изјави дека покрај оние што се обидуваат да најдат начин да пристигнат од Африка во Европа, на континентот има уште 20 милиони раселени лица на кои им е потребна помош.
Неговиот план е да се започнат заеднички проекти со африканските земји во кои главна цел ќе бидат програми за млади, образование, обука, како и зајакнување на економијата и владеењето на правото.
За германскиот „Маршалов план за Африка“, Милер минатиот месец разговарал за време на посетата на неколку африкански земји, а континентот беше тема и на разговорите на последниот состанок на 20 најразвиени земји во Кина.
Германија во 2017 година најголениот дел од зголемувањето во својот буџет за развој во висина од над една милијарда евра ќе го потроши за проекти во Африка.
За разлика од европските и американските фирми најсиромашниот континент веќе со години е цел на кинески инвеститори, кои купија стотици важни стратешки наоѓалишта на природни суровини и индустриски комплекси.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка