Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Цените на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, додека дизелот поевтинува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 61 денар за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,299 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,018 денари.
Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот за 1,717 отсто и кај дизелот за 0,886 отсто, како и за 0,123 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.
– Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за два денара за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, велат од РКЕ.
Ново на Сител
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
-

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери
-

Македонскиот првак Вардар против фински КуПС на стартот од квалификациите на ЛШ
-

Руте: НАТО ќе инвестира околу 40 милијарди долари во одбрана од дронови во наредните пет години
