Македонија
30. July 2015 - 13:26

Беличанец-Алексиќ додели ваучери за принова за околу 40 -тина родители во Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ денеска 25-ти пат по ред додели еднократна парична помош од по 6.000 денари за околу 40 - тина родители од општината, со што бројот на досега доделени ваучери е 1.100.

- Одлуката за јавно доделување ваучери за еднократна парична помош на семејствата кои имаат принова, што ја спроведуваме веќе две години, е со цел да им излеземе во пресрет на семејствата за нивните првични потреби кои доаѓаат со новороденчето. Таа помош ќе се запази се до крајот на мојот мандат, потенцираше градоначалникот Беличанец-Алексиќ во своето обраќање.

Честитајќи им на присутните, таа уште еднаш испрати порака до сите останати родители од општина Кисела Вода кои имаат принова да ја поднесат потребната документација за остварување на еднократната парична помош.