Белгија го назначи Дидие Рејндерс за европски комесар

Досегашниот министер за надворешни работи на Белгија, Дидие Рејндерс, синоќа беше назначен за европски комесар од оваа земја. Според процедурата, комесарите треба прво да бидат сослушани и потврдени од страна на европратениците.
По неколку недели остри препукувања, техничката влада во Белгија конечно се одлучи да го предложи Рејндерс за еврокомесар во следниот состав на Европската Комисија.
Рејндерс доаѓа од истата политичка партија (Реформаторско движење, либерали) како и идниот претседател на Европскиот Совет, Шарл Мишел, досегашен премиер на Белгија.
Рокот за пријавување на кандидати за еврокомесари од секоја земја членка е 26 август. Само Франција и Италија сѐ уште не поднеле свои предлози.
Дидие Рејндерс во моментов е назначен од кралот Филип втори како „информатор“ со цел поддршка на процесот на формирање на федерална влада во Белгија, но преговорите за формирање на влада сѐ уште не се започнати, потсетува портпаролот на техничката влада.
Кандидатите за еврокомесари ќе бидат прво сослушани од претседателката Урсула фон дер Лајн, потоа тие треба да бидат одобрени од страна на земјите членки, и сослушани од страна на европратениците. Европскиот Парламент треба да го одобри конечниот список на еврокомесари во текот на септември или октомври.
Новата Комисија треба да стапи на функција на први ноември.
Ново на Сител
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фанагата во Данска на ЕП
-

Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана
-

Тројца кавадарчани приведени за семејно насилство и закани во еден ден
-

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула
-

Двајца 30-годишници пронајдени мртви во викендица во гостиварско
-

Тешко повреден пешак кај ТЦ „Беверли Хилс“, возачот во бегство | ФОТО
-

Семејството на трагично загинатиот Стивен Ивановски во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци
