Белгија ги повлекува експертите за мигранти испратени од Грција

Белгиската Влада одлучи да повлече десетици свои експерти од центрите за регистрирање мигранти во Грција, јавија локални медиуми.
Белгиските власти оценуваат дека ситуацијата на тие приемни локации, а особено на островот Лезбос се влошила до степен, до кој експертите не можат да работат нормално, бидејќи секојдневно се соочуваат со закани.
Властите додаваат дека мигрантите станале особено агресивни, како и дека опожарувале објекти, кои биле користени од претставници на Европската унија.
Причина за незадоволство на мигрантите се бавните процедури во оценувањето на нивните документи. Во центрите за регистрирање мигранти експертите земаат отписок од прст од мигрантите и ги интервјуираат со цел да оценат, кои од нив одговараат на барањата за добивање статус на бегалци. Оние мигранти, кои не ги исполнуваат барањата се депортираат.
Белгиските власти прецизираат дека нивните експерти ќе се вратат во Грција, кога процедурите ќе бидат забрзани. Тоа предвидува побрзо разгледување на барањата за азил, но и забрзано враќање во Турција на оние мигранти, кои немаат основа да останат во ЕУ.
Ново на Сител
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
-

Претседателот на Собранието Гаши учествува на Доха Форумот 2025
-

Облачно, насекаде со дожд, магла во котлините
-

Чучуљ: Ја поздравуваме секој иницијатива за борба против корупцијата, ќе постапуваме секаде каде има основ
-

МВР: Поведена прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме
-

ЦУК: Соработка со САД за унапредување на националната и колективната отпорност
-

Индија и Русија целат кон 100 милијарди долари билатерална трговија до 2030 година
