Белата куќа: Борбите во близина на нуклеарната централа Запорожје се опасни
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер денеска изјави дека борбите во близина на нуклеарната централа Запорожје се опасни.
Таа додаде дека руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа Запорожје на почетокот на војната, треба да ја предадат „целосната контрола“ врз нуклеарната централа на Украина.
Жан-Пјер посочи дека САД внимателно ја следат ситуацијата во Запорожје.
– За среќа, сензорите за радијација досега не покажаа никакви индикации за зголемени или абнормални нивоа на радијација, истакна Жан-Пјер.
Таа посочи дека САД се свесни за извештаите за рускиот третман на персоналот на нуклеарната централа и додаде: „Им честитаме на украинските власти и оператори за нивната посветеност на нуклеарната безбедност под овие тешки околности“.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање и ракетирање на подрачјето каде е лоцирана нуклеарната централа Запорожје.
Ново на Сител
-
Три лица приведени за грабнување и малтретирање на скопјанец
-
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со турскиот амбасадор Фатих Улусој
-
Левица прифаќа реорганизација на министерствата, ако ВМРО-ДПМНЕ прифати една изборна единица
-
Анкета: Младите се помалку заинтересирани за изборите во ЕУ, иако имаат позитивно мислење за нив
-
ЦУК: Безживотно тело извлечено од реката Тополка
-
Мицкоски: Во секоја моја изјава ќе користам Македонија
-
Во Урошевац уапсени двајца косовски Албанци осомничени дека шпионирале во корист на Србија
-
Шабани: Има привремено, неопходно е трајно решение на проблемот со оперативниот блок на хирургија