Бектеши: Можно олабавување на мерките за угостителските објекти
Министерот за економија Крешник Бектеши очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите.
Тој не прецизира дали ќе има олеснувања или евентуални укинувања, но уште еднаш повтори дека Владата се држи до препораките на Комиисјата за заразни болести.
- Ако сите ги почитуваме мерките, бројките ќе паднат и ќе има можност за олабавување. Убеден сум дека ќе има олеснувања во зимскиот период ако вака се почитуваат мерките како сега, и од страна на угостителските објекти и од страна на граѓаните, но не можам да кажам дали ќе се укинат. Ние секогаш ќе ги почитуваме препораките на Комиисјата за заразни болести, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања на настанот по повод Светскиот ден на туризмот, 27 Септември.
Ново на Сител
-
Со поддршка од Европскиот фронт донесен Законот за реорганизација на Владата
-
Гаши: Не верувам дека има друг кој ја сака Македонија повеќе од мене
-
Инцидент во Кичево и препишување на вториот испит од државната матура
-
Сите за правично судење: Оставки за враќање на довербата во Судскиот совет
-
Пред стартот на жетвата на пченица земјоделците бараат утврдување на производна и откупна цена
-
Каналот Студенчишта и ова лето паркиралиште за пловилата
-
Преглед на вести од светот
-
Комисиска расправа во Собрание