Македонија
28. јуни 2022 - 9:54

Бектеши: Милошоски ќе се памети по тоа што за него Албанците не требаше да имаат образование

Министерот за економија, Крешник Бектеши, по вчерашниот инцидент во Собранието и физичката пресметка помеѓу претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и АА, на Фејсбук напиша дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски нема придонесено ништо за државата, освен поделба и национализам и по тоа ќе биде запаметен.

„’Политичар’ каков што е Антонио Милошoски, кој ништо, ама баш ништо нема придонесено за оваа држава, освен поделби, национализам и омраза, ниту пак ѝ дал на Македонија нешто вредно што треба да се памети, единствено по што ќе остане запаметен во времето е кога за него Албанците не требаше да имаат образование, уште помалку високо образование.